Проектот „Македонија вработува“ во Претор
Агенцијата за вработување денеска во Претор ќе ги презентира можностите и поволностите за вработување преку проектот „Македонија вработува“.
Досега вакви презентации се одржаа во повеќе градови низ државата на кои граѓаните и бизнисмените се запознаа со можностите за вработување преку овој проект.
Преку проектот може да се вработат лица од повеќе категории. Оние до 35 години, кои се три месеци невработени, а за нивното вработување фирмите ќе бидат ослободени од плаќање придонеси три години со обврска една година да ги задржат на работа.
За граѓани од 35 до 50 години предвидено е пет години ослободување од плаќање на придонеси со обврска работодавачот да ги задржи плус една година на работа. За оние над 50 години има пет години ослободување од плаќање на придонеси, додека за највозрасните над 58 години ослободување од плаќање на придонеси се до нивното пензионирање, како и петгодишно ослободување на плаќање на придонеси за вработените приматели на социјална парична помош, самохраните родители и родителите на деца со пречки во развојот, лицата со инвалидност, професионалните војници кои се без работа.
За утре е најавена презентација на „Македонија вработува“ во Стење.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата