Бизнис
2. September 2015 - 21:21

Порибено Охридското езеро до 300 000 пастрмка

Охридското Езеро на локалитетот Вирче порибено со 300 илјади единки подмладок од охридската пастрмка со тежина од два и пол до три грама и должина од 7-8 сантиметри.Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветков при денешната посета на Хидробилошкиот завод истакна дека иницијативите за соработка како од македонска така и од албанска страна ќе продолжат за заштита на рибниот фонд.

Концесионерот на охридското езеро Танасоски вели дека рибокрадството е драстично намалено ,станува збор за поединци за кои се поднесени и соодветни пријави.

За годинешното порибување на езерото со ендемичен вид охридска пастрмка се издвоени 7милиони и 500 илјади денари за излов,одгледување  и порибување со околу 2милиони и 400 илјади единки подмладок пастрмка.