Тенис
9. May 2016 - 15:54

Поразот во Мадрид го плати тренерот Морезмо

Енди Мари и неговиот тренер Амели Морезмо спогодбено ја раскинале соработката, во неделата, по поразот на Британецот во финалето на Мастерсот во Мадрид. Мари, кој ја бранеше титулата во Мадрид, во финалето загуби од Новак Ѓоковиќ 1-2 (2-6, 6-3, 3-6).
 
Мари не ја одбрани титулата во Мадрид, загуби во финалето од Ѓоковиќ, но и го загуби второто место на АТП листата. Роџер Федерер е сега втор, со ист број на бодови како и Мари, 7.525. Неприкосновен на врвот е Ѓоковиќ со 16.550 бодови, односно 9.025 повеќе од Федерер и Мари.
 
„Во изминатите две години таа имаше големо влијание во мојот тим и многу ќе ми недостасува. Амели имаше непроценливо значење за тимот, внесе мир во нашиот табор. И благодарам, во наредниот период ќе ги разгледам наредните чекори“, го пренесува ББЦ соопштението на Мари.
 
Соработката на Мари со Амели Морезмо му донесе седум титули на Британецот.