Кошарка
7. February 2018 - 11:25

Порази на Голден Стејт и Кливленд

 
 
Минатогодишните финалисти Голден Стејт и Кливленд претрпеа порази на синоќешните средби во НБА лигата 
 
Шампионот Голден Стејт загуби пред својата публика од Оклахома со 105-125.
 
Пол Џорџ со 38 поени и Расел Вестбрук со 24 поени и по 9 скока и асистенции ги предводеа Тандерси до оваа победа. Кај домаќините најефикасни беа Кевин Дурант со 33 поени и Стеф Кари со 21 поен.
 
И вицепрвакот Кливленд продолжува со поразите. Кавси на гостувањето кај  Орландо загубија со 116-98, со што го претрпеа третиот  пораз во последните четири меча, а дури десетти во последните 15 натпревари.
 
Џејмс Харден со 36 поени и Крис Пол со учинок од 25 поени 7 скока и 5 асистенции, го предводеа Хјустон во победата над Бруклин на гости со 123-113