Поранешен соработник на МИ6: Војската на Асад близу до победа
Благодарение на руската поддршка, војската на Башар Асад се најде близу до победа во Сирија, пишува во напис за „Хафингтон пост“ поранешниот соработник на МИ6, Алистер Кук.
Во почетокот на февруари, сириската војска ги пресече главните канали за снабдување на милитантите на северот на Алепо кои водеа од Турција.
Продолжувајќи ја офанзивата, силите на Башар Асад наскоро ќе ги опколат терористите во Алепо. Ако сириската војска се обедини со Курдите, речиси сите сили на Фронтот Ал Нусра и на Исламска држава ќе се најдат во „котел“.
На границата со Турција ќе остане само еден коридор што ја контролира ИД, кој можат да го прекинат сириските Курди кои се наоѓаат источно од Еуфрат.
Иако Анкара изјави дека нема да им дозволи да преминат на западниот брег на реката, самите Курди не исклучуваат ваков развој на ситуацијата, пишува поранешниот британски известувач Алистер Кук.
Москва даде до знаење дека планира да ги прекине сите канали меѓу Турција и Сирија кои ги контролираат терористите.
Руското Министерство за одбрана пред некој ден соопшти дека поседува докази оти Турција извршила инвазија на територијата на Сирија.
Авторот на текстот не ја исклучува можноста тоа да било предупредување од руската страна до Анкара.
Ако Турција навистина почне воени акции во Сирија, НАТО ќе ја поддржи само со зборови, додека Русија ќе има очигледна предност во воздух, пишува Кук.
- Ако се зборува директно, ситуацијата во Сирија, судејќи по се, како што изјавија многу западни политичари, се развива во насока на очигледен воен завршеток, нагласи авторот на текстот.
Масата за преговори, според него, не се наоѓа во Женева, туку на бојните полиња во Идлиб и Алепо.
На крај Сирија може да стане силна регионална држава, додека Русија и Иран ќе бидат победници, смета Кук. На западните земји, кои се навикнати на неодреден крај на сеопфатните воени интервенции, нема да им биде лесно да го прифатат тоа, заклучи авторот.
Ново на Сител
-
Управниот суд одржува јавна расправа за тужбата на Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце
-
Гир: Подготвени сме да работиме со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес
-
Писториус ја поздрави обуката на украински војници на системи Патриот
-
Поротата почна со разгледување на судењето против Трамп за кривично дело поткуп на актерка во филмови за возрасни
-
Приведен прилепчанец за шверц на 45 шишиња метадон
-
Средба на лидерите од СДСМ
-
24-годишник избоден во ресторан во Дебар
-
Битолчанец измамил 76-годишна жена за 398.000 денари