-->
-->
Поп ѕвездата Селена Гомез е првата која стигна до бројката од 100 милиони следбеници на Инстаграм
-->
И покрај тоа што во последно време ги избегнува социјалните мрежи, пејачката и глумица Селена Гомез оваа седмица стана првиот човек воопшто, кој има 100 милиони следбеници на Инстаграм.
Со ова своевидно „врвно постигнување“, 24-годишната Гомез зад себе ја остави и својата блиска пријателка Тејлор Свифт (91,4 милиони). Бијонсе има нешто повеќе од 85 милиони, слично како и Аријана Гранде, а ѕвездата од реалните шоуа Ким Кардашијан има 83,6 милиони фанови.
Селена Гомез последен пат поставила своја фотографија во август, кога најави свое привремено повлекување за да се справи со паничните напади и депресијата. Гомез го соопшти тоа на настап од светската турнеја, а една година откако обзнани дека страда од автоимуно заболување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам