Бизнис
29. November 2017 - 19:38

Поевтинуваат дел од катастарските услуги, некои и до 90%

Се намалуваат цените на дел од услугите на Катастарот. Владата ја усвои одлуката со која се менуваат тарифниците.

Земјоделците  ќе плаќаат и до 85 отсто помалку доколку сакаат да ја сменат културата која ја произведуваат. Ова е особено важно за корисниците на субвенции, вели првиот човек на Катастарот.  

За површини над 10 ха наместо 100 000 денари производителите ќе платат само 15 000.

-Досега за промена на културата за површина до 1 ха се плаќало надоместок од 8000 денари, сега ќе се плаќа 5000 денари. За површини од 1ха па нагоре  надоместокот беше 60 000 денари, сега ќе биде 10 000денари.

И имателите на инфраструктурни објекти ќе вадат поевтини имотни листови. Наместо сегашните 194 ќе плаќаат 180 денари, додека за граѓаните останува истата цена.

-Граѓаните помалку ќе плаќаат за запишување на правата на недвижнини односно станови и куќи. Досега цената беше 10 денари за квадрат, сега ќе биде 8 денари. Поевтинува и бришењето на облигациони права кај лизингот,закуп, договор за доживотна издршка и сл.

Пониските цени ќе важат по објавувањето на одлуката во Службен весник. Најверојатно ќе стартуваат следната недела.