Подобрена оценката од граѓаните за Катастарот
Услугите на катастарот заслужуваат оценка од 3,94 на скалило од 1 до 5, покажува анкетата за задоволството на граѓаните од работата на Агенцијата за катастарот на недвижности. Пред почетокот на десетгодишниот проект „Катастар на недвижности и регистрација“, што Агенцијата го заврши денеска, оценката на граѓаните изнесувала 2,74.
Проектот е спроведен со финансиска и експертска поддршка со Светска банка, Холандија, Шведска и Јапонија. За првиот дел, што траеше од 2005 до 2010 година, се потрошени 10 милиони евра, а за вториот што Катастарот го спроведе со Управата за имотно-правни работи, се одвоени 9,3 милиони евра.
Горан Тињиќ, в.д. директор на Светската банка за Македонија, на завршната конференција за проектот потенцира дека е важно што системот на Катастарот сега е достапен на целата територија на Македонија. Тоа, укажа, значи дека секоја општина и бизнисите во нив имаат подеднаков пристап до услугите на Агенцијата за катастар на невдижности.
- Регистрацијата на процесите денес трае само еден ден, во 2005 беа потребни 30 дена, што е огромен напредок, рече Тињиќ.
Најважно е од се, истакна, е што подобрените услуги не само што прават подобри услови за бизнисот, туку овозможуваат и посиромашниот дел од населението да опстојува поуспешно.
Според директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески, спроведени се крупни реформи и надминати се индикаторите од проектот за што е доказ и зголемената и висока оценка од граѓаните. Воспоставен е, оцени, модерен, ефикасен и ефективен катастарски систем во функција на развој на пазарот на недвижности и на целокупната економија на државата.
- Исполнета е главната цел на проектот, воспоставен е катастар на недвижности на целата територија на Македонија, при што се регистрирани 4,1 милион парцели и 748.167 објекти. За 74 проценти е зголемен бројот на трансакции, за 188 проценти на регистрирани хипотеки, а времето за нивна регистрација се сведе на еден работен ден, рече Трпески дополнувајќи дека територијата на државата денес е 98 проценти покриена со дигатални катастарски планови, а 90,5 проценти се во редовна секојдневна употреба.
Обезбедена е и 100 процентна покриеност со современи геодетски мрежи со висока точност. Со воспоставениот електронски катастар, пак, според Трпески, над 700 професионални корисници имаат 24 часовен пристап до до податоците на кататсарот.
- Со новиот дистрибуциски систем се овозможи на граѓаните и на бизнис заедницата од дома да нарачаат имотен лист, кататсарски план или други катстарски податоци. Се воспостави и регистар на цени во кои се евидентирани над 4.000 трансакции со недвижности и закуп, како и национален геопортал, рече Трпески.
Дел од поголемите активности финансирани со проектот е и воспоставувањето на инфраструктурниот катастар и можноста за издавање имотни листови за сите инфраструктурни објекти во Македонија.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг