Свет
5. October 2017 - 12:59

По смртта на неговата жена, светот му се срушил - кога ја запознал новата девојка, мајка му покажала фотографија и останал во шок

Кога му починала жената, Џастин Поундер мислел дека повеќе нема да сака. Не ни насетувал дека љубовта на неговиот живот е блиску и дека ја познава од мали нозе.
 
Еден јулски ден 2012 година. Џастин  со својата жена Адријана се подготувале за селидба во нова куќа на Флорида, каде требало да започнат нов живот. Меѓутоа, тој ден се случила неочекувана трагедија. 
 
Таа ноќ, додека си заминувала од кафулето, странец ја следел несреќната жена и со нож ја избодел до смрт. Оваа 29 годишна починала во големи болки. 
 
Две години по ова случување, виновникот е осуден, што на двете семејства тоа им донело малку спокој. 
 
Мајката на Џастин многу се грижела нејзиниот син да  пронајде нова љубов. Меѓутоа, нејзините молитви сепак биле успешни. Џастин  се регистрирал на сајт за барање на љубовен  партнер и за брзо време се заинтересирал за  една жена.
Уште на почетокот , нивната врска била   сериозна, па Џастин и покажал фотографија од својата нова девојка. 
 
А потоа следело изненадување: 
 
На неговата мајка лицето и било многу познато. Кога нејзиниот син и кажал како се вика, истиот момент и текнало.  Како се воспоставило, Џастин и Ејми се дружеле како мали, а тој дури и тогаш гаел симпатии кон девојката. 
 
Џастин и Ејми не можеле да поверуваат! Ги виделе своите фотографи пред 30 години и биле убедени дека судбината вмешала прсти. 
 
 
 Погледнете ја приказната за овој неочекуван пресврт: