Македонија
9. September 2017 - 17:10

Пловните објекти во Охридското езеро ја загрозуваат безбедноста на туристите

Пловилата за забава претставуваат потенцијална опасност доколку не се користат правилно.Од Капетанијата на пристаништата сметаат дека овие реквизити мора да се стават под некоја законска рамка за внатрешна пловидба.Најголем дел од несреќите се случуваат токму на педалинки ,во водите на охридското езеро ги има околу 150 ,голем дел од нив се во лоша техничка состојба а ги возат најчесто малолетници кои не ставаат заштитни елеци и не добиваат инструкции како да управуваат со нив .

Дополнителен проблем ова лето беа и скутерџиите кои дивееја долж плажите и покрај забраната за пловење во одереден период од денот .

Инаку потрагата по адреналин може да однесе многу животи надлежните сметаат дека потребна е поголема едукација и дисциплинирана употреба на овие пловила. Оваасезона  имаше неколку инциденти токму на педалинка. За жал во еден од нив возењето заврши фатално бидејќи младо момче скокајќи од неа го загуби животот.