Петре Шилегов кандидат на СДСМ за градоначалник на Град Скопје
СДСМ денеска ги соопшти кандидатите за градоначалници за локалните избори 2017 година во триесетина општини. За Градот Скопје го предлага Петре Шилегов.
За кандидати за скопските општини ги предлага Златко Марин во Аеродром, Велимир Смилевски во Бутел, Борче Георгиевски во Гази Баба, Александар Наумоски во Ѓорче Петров, Стефан Богоев во Карпош и Филип Темелковски во општина Кисела Вода.
Во останатите општини во Македонија, кандидат на СДСМ за општина Арачиново ќе биде Миликије Халими, во Богданци - Блашко Шапов, Брвеница – Мирко Стојановски, Валандово – Перо Костадинов, Вевчани– Сашо Јанкоски, Виница – Ивица Димитров, Демир Капија – Лазар Петров, Зелениково Борче Гиевски, Јегуновце – Дарко Блажевски, Карбинци – Јордан Насев, Конче – Благој Илиев, Кривогаштани – Рубично Шефтеровски, Крушево– Томе Христоски, Могила – Јасмина Гулевска, Новаци – Љубе Кузмановски, Ново Село – Боро Стојчев, Охрид – Јован Стојановски, Пехчево –Драган Тренчевски, Пласница – Шпресим Ајроски, Свети Николе – Сашо Велковски, Сопиште - Далибор Богдановски, Чашка – Горан Стојановски и за општина Штип – Благој Бочварски.
- СДСМ на претстојните локални избори ќе излезе со чесна понуда на програма и кандидати кои што се професионалци и признаени во своите професии, личности што се препознати од јавноста и кои се подготвени да работат во интерес на граѓаните, наведуваат во соопштението.
СДСМ ќе информира дополнително и за кандидатите во останатите општини, кога тие ќе бидат потврдени.
Ново на Сител
-
Течат рокови за приговори по вчерашното прегласување, привршуваат преговорите за Влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Свечена академија во чест на Националниот ден на Власите
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
„Македонија во чест на Свети Кирил“ - Претседателката се сретна со Папата
-
Македонците се условени да прифатат диктат откажувајќи се од самите себе, вели историчарот Панов
-
Преговорите за Влада во напредна фаза се уште нема конечен договор за Министерствата
-
Македонија во фокусот на грчката јавност
-
Продолжува хаосот на хирургија - 6ти ден не работат операционите сали