Педофил прегонувал девојчиња: Ги пресретнувал и им покажувал порно снимки
Полицијата во Бањалука уапси маж осомничен за педофилија. Станува збор за Д.А. кој е осомничен дека на различни локации во близина на основните училита „Иво АндриЌ“ и „Алекса Шантиќ“ пресретнал 5 девојчиња при нивното одење или враќање од училиште.
Им покажувал порнографски содржини на својот мобилен телефон, ги прашувал за порнографија при што користел вулгарни поими за детска возраст.
Девојчињата, на возраст од осум до 10 години ги пресретнувал од ноември 2013 година, до октомври минатата година.
По извршената криминалистичка обработка, Д.А. извештајот за Д.А. и за стореното кривично дело злоставување, мачење и друго нечовечко и понижувачко однесување е предадено во Окружното обвинителство за натамошна постапка, велат од полицијата во Бањалука.
Како што јавија тамошните медиуми, станува збор за бездомник со благи пречки во развојот.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Татјана Димитровска, претседателка на ДКСК
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Гаши ја свика првата координација
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Деспотовски: Тој што ќе изгуби на изборите во СДСМ, да не прифаќа партиски функции
-
Мицотакис: Прашањето за Преспанскиот договор ќе го отворам на Самитот на НАТО
-
Матурантите кои препишуваа на испитот по мајчин јазик ќе полагаат пак во август
-
Детектор: Младинскиот активизам на незадоволително ниво