Пакети за социјално загорзените семесјтва од муслиманска вероисповед по повод Рамазан Бајрам
Општинската организација на СДСМ Центар по повод Рамазан Бајрам вчера и денеска донираше над 300 пакети со храна за социјално загрозените семејства од муслиманска вероисповед од населбите Кале и Крњево во општина Центар и од населбата Топаана во општина Чаир.
Покрај тоа, делеа и готвена храна, со цел верниците да можат да го прослават празникот достоинствено и со полна трпеза.
- Рамазан Бајрам е најголемиот муслимански празник и затоа решивме да го одбележиме на достоинствен начин заедно со нашите сограѓани од општина Центар. Рамазан Бајрам е симбол на мирот, хармонијата и соживотот и на вакви денови се потсетуваме кои се всушност најважните работи во животот. Хармонијата и соживотот во нашата општина треба да ги градиме секој ден и постојано да работиме на подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани, изјави претседателот на ОО на СДСМ Центар, Саша Богдановиќ.
Ново на Сител
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК
-
Без средба, само консултации за идното владино коалицирање
-
Следната недела СДСМ ја почнува постапката за избор на ново раководство
-
МЗ како портпарол на Токсикологија со обвинувања за Нико Беќаровски - професорот негира и најави тужба
-
Македонија 2025: Дијаспората сака да помогне, власта нема слух