-->
-->
Откриено зошто сопругот на Јелена имал рани на рацете
-->
Обдукцијата на Јелена Крсмановиќ ќе покаже чии траги од крв имала под ноктите и со кого се борела до последен здив да не и го одземе животот. Биолошкиот факултет ќе ги предаде на полицијата резултатите од ДНК анализата направена на пејачката на Гранд. Прелиминарните резултати можат да го усмерат понатамошниот тек на истрагата.
Една од главните причини зошто сопругот на пејачката и понатаму е во притвор иако два пати помина на полиграфските тестирања, се раните на неговите раце. Тој ноќта кога бил испитуван во полициска станица, дошол со рани на рацете. Неговата снаа открива дека со нив се здобил бидејќи удрил во автомобилот.
- Во неделата наутро со рацете удри во автомобилот поради стресот од исчезнувањето и веста за смртта на Јелена. Од таму се раните на неговите раце, вели таа.
Инаку, новинарите се наоѓаат пред куќата на мајката на Јелена, а екипата на ТВ Пинк засега не ма информација зошто полицијата се вратила таму.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива