Бизнис
6. November 2017 - 20:58

Осигурителниот бизнис бележи раст и во услови на криза

Осигурителниот пазар со солиден раст  од 2,5%  заклучно со третиот квартал годинава и покрај ризиците и намалените прогнози за економски раст на сите релевантни институции. Двоцифрени стапки на пораст бележи неживотното осигурување, каде во споредба со истиот период лани порастот изнесува 14%. Расте и желбата кај ѓраѓаните да  си го осигураат  живот. Овде растот е нешто над 1 отсто.  

- Тоа значи дека осигурителниот пазар е имун на ризици  од неекономска природа.,односно дека граѓаните, правните лица се свесни дека ризици постојат, а најдобар начин да го  заштитат својот имот и себе си, е да се осигураат,  изјави Климе Попоски, претседател на Агенциија на супервизија на осигурувањето.

Оваа година во осигурителниот сектор влезе уште една компанија, а до крајот на годината се очекува уште едно преземање, што според Попоски е добар сигнал, затоа што конкуренцијата ги намали цените, а ја зголеми понудата на производи. Инаку на Светскиот ден на осигурувањете и штедењето , најмладите , најиноватните за  своите цртежи и песнички  добија награди и признанија.