Одбележување на Светскиот ден на културната разновидност во Охрид
Студентите од странство од Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид со пригодна манифестација денеска по четврти пат ќе го одбележат Светскиот ден на културна разновидност.
Во рамки на свеченоста предвидена за напладне на Градскиот плоштад во Охрид студентите ќе ги презентираат културните специфики на државите од кои доаѓаат.
Програмата вклучува претставување на десетина земји од Азија, Африка и Европа, преку претставување на национални носии, специјалитети од нивните национални кујни и изведување традиционални песни и танци. Присутните ќе имаат можност да ги вкусат националните јадења и да се фотографираат со студентите облечени во нивните традиционални национални носии.
Имајќи предвид дека на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ работат и студираат професори и студенти од 40-тина држави, тој претставува уникатна високообразовна установа со истакнат мултикултурен профил.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива