Бизнис
14. July 2015 - 19:39

Обврската за К-15 останува, но нема да биде задолжителна

Регресот останува, но секој ќе исплаќа онолку колку што може. ССМ и Органзиацијата на работодавачи се договорија, К-15 ќе важи и за фирмите кои не се дел од синдикатот. Одлучнео е да нема долен лимит за износот. 

Во финансиски стабилните фирми на  вработените ќе им исплаќаат по 8, 400 денари или 40 проценти од просечната плата. Но, на оние со сериозни финансиски проблеми во договор со гранковиот синдикат, ќе им се даде можност или да платат помал износ или додека се во лоша состојба воопшто да не го исплатат. Оваа новина од ССМ велат дека се воведува, за да нема отпуштање на вработени во фирмите каде има намалено  производствотот и нарачки.

Ценејќи ја економската и финансиската состојба, постоењето на последиците од економската, финансиска и должничка криза и потешкотиите кај одделни работодавачи, а со цел да се обезбеди сигурноста на работните места и елиминирање на опасноста од нивно губење, партнерите како исклучок договорија дека правото на регрес за годишен одмор може да се утврди и во помал износ од утврдениот, но само доколку се постигне спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација, но по претходна задолжителна консултација со синдикатот на ниво на гранка или оддел. Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат, спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците, наведуваат од ССМ.

Социјалните партнери се договорија да се продолжи и важноста на Колективниот договор за приватниот сектор од областа на стопанството за уште 2 години.

Од ССМ уверуваат , работодавачите нема да можат да манипулираат, контролите на надлежните ќе бидат засилени. На оние кои пријавиле дека имаат проблеми, финансиската состојба  ќе ја утвдуваат  заедно со гранковиот синдикат.

Пред еден месец синдикатот и работодавачите почнаа да преговараат за укинување на  к-15, поради инсистирање на дел до приватните фирми, кои се пожалија дека морале да се задолжат, за да го исочитуваат законот.

Обврската за исплата на К-15 се воведе лани. Речиси 90 отсто од фирмите го исплатиле.