-->
-->
Обрадовиќ си оди од Металург, без обештетување
-->
Македонскиот ракометен вицешампион Металург остана без играчот Немања Обрадовиќ, но остана и без обештетување од неговиот нов клуб Висла од Полска. ЕХФ (Европската ракометна федерација) донесе одлука клубот од Полска да може да го регистрира ракометарот од Србија во своите редови за Лигата на шампионите. Двата клуба беа на Арбитража во ЕХФ.
Металург тврдеше дека има договор со играчот и бараше обештетување за да го ослободи од обврските, а ЕХФ донесе одлука дека Обрадовиќ и Металург немаат меѓусебни обврски, па тој може да замине во Полска.
Металург во разговорите со Висла бараше сума од 30.000 евра, а Висла понуди 10.000 евра. Двата клуба не се договорија и случајот го реши ЕХФ. За Металург останува да вложи жалба на оваа одлука.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови