Обезбеден потребниот број гласови, демаркацијата ќе се гласа в среда
По три неуспешн обиди на косовскиот Парламент, владната коалиција конечно успеа да го обезеди потребнот број гласови за да го изгласа Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, објави денеска приштинскиот весник „Зери“.
Седница косовскиот Парламент за таа цел ќе одржи в среда. Тоа за „Зери“ го потврдиле извори од владината коалиција, кои сепак за денот на одржуањето на седницата велат дека може да има одлагање за еден најмногу два дена.
- Седнцата ќе се одржи, гласовите се обезбедени, најверојатно прашањето со демаркацијата ќе се заокружи в среда, посочи неименуваниот извор за „Зери“.
Сепак не се посочува дали потребниот број гласови ќе биде пополнет со пратениците од Српска листа или како што деновиве се шпекулраше, отцепеното крило на Движењето Самоопределување.
Претходно, неуспешни обиди за демаркацјата во законодавнот дом на Косово имаше на 22, на 23 и на 28 минатиот месец.
Министерката за европска интеграција, Дурата Хоџа вчера предупреди дека доколку договорот за демаркација на границата со Црна Гора не биде ратификуван овие денови, визната либерализација нема да се случи пред 2020 година.
Во врска со ова прашање, премиерот Рамуш Харадинај, пак, изјави дека е подготвен да најдат заеднички јазик со Српска листа.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јован Деспотовски
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ДУИ и СДСМ го уништуваат здравството и во последните денови од владеењето
-
Продолжуваат преговорите за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, учеството на Знам неизвесно
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановската болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје