Обама ги повика Израел и Палестинците да го продолжат мировниот процес
Американскиот претседател Барак Обама ги повика синоќа Израел и Палестинците да продолжат да се обидуваат да постигнат мир, иако призна дека шансите за тоа се многу мали.
Тој апелот го упати додека во Белата куќа го примаше неговиот израелски колега Реувен Ривлин.
- И покрај тоа што сме во момент кога перспективите за вистински мир можеби изгледаат далечни, важно е да продолжиме да се обидуваме, нагласи Обама.
Американскиот претседател истакна дека го осудува насилството во Израел и го повика палестинскиот претседател Махмуд Абас да го стори истото.
Од почетокот на октомври беа убиени 113 Палестинци и 17 Израелци, претежно во поединечни палестински напади со ладно оружје и во судири меѓу израелските сили за безбедност и Палестинците.
Потврдувајќи ја посветеноста на САД кон Израел, Обама го поздрави нивото на соработка меѓу двете земји во сферата на одбраната и размената на разузнавачки информации.
- Неопходно е од време на време да го повториме она што е веќе познато: Израел нема подобар пријател од САД, рече Ривлин.
Израелскиот претседател му се заблагодари на Обама за американската финансиска, воена и дипломатска помош.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Бендевска, потпретседателка на ЗНАМ
-
Гаши поднесе оставка во Алтернатива, утре ќе биде избран за собраниски спикер
-
Заседава раководството на СДСМ - Ковачевски нема да се кандидира, неколкумина подготвени да влезат во трка
-
ДИК го отфрли приговорот на ДУИ
-
Претседателката ќе го почитува Уставот
-
ВМРО-ДПМНЕ, Вреди, ЗНАМ пред финален договор - распределени министерствата и претседател на Собранието
-
ДИК одлучува за гласањето во Желино
-
Пукање на Пластичарска: Еден загинат, двајца ранети