Македонија
30. November 2015 - 19:44

Нови 28 инфицирани од хив во Македонија

Годинава 28 Македонци  се заразиле со ХИВ инфекција. Според информациите на Сител од Инфективна клиника, сите се покриени со соодветна терапија. Овие податоци покажуваат дека во 2015 има тренд на опаѓање на инфицираните во споредба со 2014 кога бројот на заразени беше 45. Од 1987 година кога е регистриран првиот заболен, досега со ХИВ СИДА во Македонија се евидентирани 270 случаи.

Кај најголем број од заразените инфекцијата е пренесена по хетеросексуален пат. Според податоците, последните години има драстично зголемување на добивањето на ХИВ по пат на МСМ односно маж со маж. Кај десетина лица е регистрирано пренесување од мајка на плод. Најмногу од инфицираните се од Скопје по кој следуваат Тетово, Куманово, Прилеп, Охрид и Кичево.

Според возраста најбројни се во старосната група од 20 до 39 години. Во евиденцијата има и неколкумина постари од 60 години.