Николиќ го поздрави наследникот на функцијата и најави дека нема да се враќа во СНП
Српскиот претседател Томислав Николиќ му честиташе на својот наследник на функцијата Александар Вучиќ за победата на вчерашните претседателски избори во земјата и соопшти дека нема да се враќа во редовите на Српската напредна партија, пренесе Танјуг.
Во интервју за агенцијата Спутник, Николиќ рече дека изборите минале така како што се надевал, во целосно демократска атмосфера, дека граѓаните покажале сериозност и желба сами да ја избираат својата иднина.
-Бев убеден дека кандидатот на Српската напредна партија ќе победи уште во првиот круг. Одамна не се случило кандидатот на владеачката коалиција да нема речиси никаква конкуренција, рече Николиќ.
Српскиот претседател, чиј мандат завршува на 31 мај, рече дека му ја честитал победата на Вучиќ и „ќе продолжи понатаму“.
На прашањето планира ли некогаш да се врати во Српската напредна партија Николиќ одговори: „Не знам. Мислам не.“
Српската напредна партија беше формирана во 2008 година по отцепувањето од Српската радикална партија од Николиќ и Вучиќ.
Ново на Сител
-
Матични се жалат на казни за пречекорувања на издадени лекови
-
Ердоган: Духот на ОН во Газа е мртов, Израел е закана за целото човештво
-
Вкупните здравствени трошоци во 2022 пониски за 1,4 отсто во однос на 2021 година
-
Од утре времен режим на сообраќај на патот од Кокино до село Арбанашко поради градежни активности
-
Нови претреси во Парламентот на ЕУ
-
Приведен измамник, спроведен за издржување на затворска казна
-
Дамјан Марковски од Скопје тргна пеш на поклонение до Манастирот Острог
-
Управниот суд оформи предмет за тужбата од Европскиот фронт на решението на ДИК за прегласувањето во Желино