Дамјан Марковски од Скопје тргна пеш на поклонение до Манастирот Острог
Во чест на Св. Василие Острошки, Дамјан Марковски го започна својот предизвик и тргна пеш од Скопје до Острог.
Оваа иницијатива ја објави фондацијата „Марко Божиновски“, која е основана во чест на младинскиот ракометар Марко Божиновски. Фондацијата има за цел да поддржи млади талентирани спортисти и да им овозможи поквалитетен живот преку спортот.
„Дамјан Марковски, спортист кој целата своја младост ја има посветено на фудбалските терени, тргна на пат утринава во 6 часот да пешачи од Скопје до манастирот Острог, околу 400 километри, за да изрази благодарност кон Св. Василие Острошки. Тој досега има поминато 32 километри.
Со овој подвиг, Дамјан исто така сака да ја подигне свеста за потребата од подобра медицинска грижа за младите спортисти. Па така, тој заедно со фондацијата ги повика сите да донираат симболичен износ за набавка на средства за Polar мерачи на линкот во био се додека не бидат објавени броевите.
Polar мерачи можат да предупредат на потенцијални срцеви проблеми и да спречат трагедии. Па така со редовно следење на срцевото здравје на младите спортисти можат да се спречат трагедии како онаа која ги однесе животите на Марко и Андреј.
Ти благодариме за оваа прекрасна инцијатива Дамјан! Нашите мисли се со тебе и ти посакуваме среќа и лесен пат до крајната цел! Знаеме дека ова нема да биде лесно, но не заборавај дека сите членови и поддржувачи на фондацијата се со тебе“, стои на страницата на Фондацијата „Марко Божиновски“.
Ново на Сител
-
Земјоделците да ги наводнуваат културите, особено пролетните, окопните и индустриските, велат агрометеоролозите
-
Сашко Кедев го освои и Гашербрум I, тој е првиот Македонец што ги искачи сите 14 врвови над 8 000 метри
-
Пиштол и муниција пронајдени во домот на скопјанец
-
Во Србија лани 183 лица завршиле зад решетки поради економски криминал
-
Лондонската полиција приведе 55 лица на митингот на забранетата организација „Палестинска акција“
-
Активни пожари во Желино, Василево, Македонски брод и Прилеп
-
Бројот на жртви по превртувањето на туристичкиот брод во Виетнам се искачи на 38
-
Илјадници луѓе демонстрираа во Израел за ослободување на заложниците