Денеска е Водокрст - навечерие на Богојавление

На 18 јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан – Богојавление, Црквата се подготвува за големото торжество што ја очекува следниот ден.
Затоа, поради важноста на јавувањето на Света Троица во водите Јордански, овој ден е наречен Навечерие на Богојавление (Водокрст, Водопост), и за него е определен еднодневен пост, како воведение во празникот на Просветлението.
Мерата на постот за верниците, како и за останатите пости, се определува индивидуално, по силите на верникот и по благослов на духовникот, а се во склад со Преданието.
Богослужбите на овој ден го пресликуваат поредокот на навечерието на Рождеството Христово – Бадник. Се богослужат Царски часови, како и голема вечерна со Василиева Литургија.
После входот со Евангелие и молитвата „Светлино тивка“ се читаат тринаесет паримии, затоа што во раната Црква токму на овој ден, и во овој дел од Литургијата се покрстувале сите огласени што претходно се подготвувале за Свето Крштение. Поредокот на остатокот на богослужбата го следи поредокот на Василиевата Литургија.
По задамвоната молитва се преминува кон Голем водосвет, по кој сите верни се поросуваат со осветената вода, и пијат од неа. Никој не треба да отстапи од вкусувањето на осветената вода, затоа што поради благодатта на празникот се осветува сета природа и сета твар, и човекот треба да земе учество во оваа Тајна.
Постои благочестиво предание на овој и утрешниот ден со осветената вода да се попрскаат домовите на верниците, пеејќи го тропарот на Богојавление. Оваа вода се користи преку целата година, за по нејзината сила здравите да се укрепат, болните да се исцелат, демоните да се изгонат, непријателите да се одвратат и секое добро од Бога да се добие.
МИА
Ново на Сител
-

Иран ги обвини САД дека не ги исполниле своите обврски по израелскиот напад во Либан
-

Трамп ги повика Израел и Хезболах да престанат со напади „за да не ги расипат“ напорите за мир во регионот
-

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
