Свет
22. December 2016 - 9:51

Нигериската војска спаси 1.880 цивили од „рацете“ на Боко Харам

Нигериската војска во период од една недела спаси 1.800 цивили од упориштетот на Боко Харам во шумата Самис во североисточниот дел на земјата, изјави генерал-мајорот Лео Ирабор. 

Војската ги потиснала џихадистите во шумата која опфаќа околу 1.300 квадратни метри. 

- За време на нашата операција од 14 до 21 декември спасени се вкупно 1.880 цивили од енклавата на Боко Харам, истакна Ирабор, додавајќи дека операцијата е дел од воената кампања која е започната минатата година против џихадистите. 

Тој наведе дека се уапсени 564 терористи од Боко Харам.