Loading Video...
Свет
30. May 2024 - 16:28

Преглед на вестите од светот

ИЗРАЕЛ ЈА ПРОШИРИ КОНТРОЛАТА НА ЦЕЛАТА КОПНЕНА ГРАНИЦА НА ГАЗА

Израелската војска соопшти дека ја презела контролата врз стратешки важната тампон зона долж границата Појасот Газа-Египет, позната како коридор Филаделфи, што значи дека сега ја контролира целата копнена граница на Газа. Портпаролот на израелската армија  изјави  дека во зоната биле пронајдени околу 20 тунели што ги користел Хамас за шверц на оружје во Газа. Коридорот е долг околу 14 километри.  Египетските власти негираат постоење тунели на Хамас на египетската граница со Газа.  Соединетите држави објавија дека со Катар и Египет подготвуваат нов предлог кој би можел да донесе прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас.  

НОВА ЕРУПЦИЈА НА ИСЛАНД, ЕВАКУИРАНИ ГРИНДАВИК И СИНА ЛАГУНА

Два месеца по последната вулакнска ерупција на југот на Исланд почна нова. Должината на коритото со лава е 2,5 километри и продолжува да се зголемува сопшти Исланската метеоролошка служба. Евакуирани се рибарскот град Гриндавик и популарното туристичко место Сина лагуна.

-Не можеме да предвидиме што ќе се случи во однос на самиот град. Има ѕидови кои го штитат градот, обидувајќи се да ги пренасочат сите текови на лава што би му се заканувале на градот. Не би можел да предвидам што ќе се случи со градот во следните часови или денови изјави Ари Траусти Гудмундсон, геофизичар.  

За време на претходната ерупрција, неколку куќи  беа уништени во  Гриндавик. 

ПАРЛАМЕНТОТ НА ШПАНИЈА ГО ОДОБРИ ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА НА КАТАЛОНСКИТЕ СЕПАРАТИСТИ

Шпанскиот Парламент конечно го одобри владиниот законот за амнестија на каталонските сепаратисти, вмешани во неуспешниот обид да прогласат независнот во 2017 година. Беше изгласан со тесно мнозинство - 177 пратеници гласаа за, а 172 гласаа против. Законот за амнестија помина шест месеци во парламентот откако го претстави Социјалистичката партија  на премиерот Педро Санчез. Од законот се очекува да имаат корист околу 400 каталонски националисти а  конзверативната опозиција планира да го оспори пред судовите. Премиерот Санчез го поздрави усвојување на законот ,при што истакна -   во политиката, како и во животот, простувањето е посилно од незадоволството.