Македонија
21. May 2016 - 16:12

Нетпресс: Најгласните граѓански активисти дебело платени за учеството во протестите

Најгласните граѓанските активисти на шарената револуција дебело платени за да протестираат. Порталот “Нетпрес“ продолжува со разоткривањето на мрежата преку која на демонстрантите им се плаќа од Фондацијата Сорос.

Ирена Цветковиќ која е дел од дежурните демонстранти, од Соросовата “Клоалиција на Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ минатата година заработила околу 1,2 милиони денари за своите активности. Во исто време во 2014 таа редовно си добивала и хонорари од Сорос во вредност од по 6710 денари.

Нетпрес го уловиле и заштитникот на хомосексуалците Љуми Бекири, кој е прв во редовите против полицијата на протестите на СДСМ и Сорос а претходно беше дел и од студентскиот пленум. Бекири за своите активности добивал пари од дури три Соросови организации. Од ФОРУМ ЦСИД добивал по 4260 денари, од Хелсиншкиот Комитет по 6148 и од Цивил по 2484.

Дека подршката на протестите не е за џабе покажува и примерот на Бојан Јовановски познат како Боки 13. Кој минатата година од Соросовата Хера, земал околу 1 милион денари, исто како и неговиот соборец Кочо Андоновски кој од Хелсиншкиот Комитет заработил 910,000 денари.

Според податоците до кои стигнал Нетпрес, помеѓу оние кои ќариле најмногу е и Уранија Пировска од соросовиот Хелсиншки комитет, која во 2015 добила околу 1,3 милиони денари од нејзината организација плус околу 14,344 денари од НВО Инфо Центарот. Претходната 2014 неа и биле платени околу 1 милион денари од хелсиншки плус хонорари од по 20.000 денари од неколку други организации.

Ништо не засостануваат и Забрчанови. Маријан Забрчанец од МОФ кој е дежурен протестант и интензивен граѓански активист дебело си ги наплаќа своите услуги. Па така само од МОФ за две години има инкасирано 731.805 денари. Пари си земал и од ФОРУМ ЦСИД од по 4.260 денари а на платниот список биле и Благоја Забрчанец и Јасмина Забрчанец.

Од Соросовите организации профитирал и редовниот демонстрант Владимир Вангелов кој во 2015 заработил 532,000 денари а во 2014 168,000 денари.

Од наводите на Нетпрес, се чини, своето присуство на протестите најефтино го продал Мариглен Демири кој имал само неколку исплати од по 3398 денари. А слична сума заработувал и добро ситуираниот братучед на Радмила Шекеринска, Никола Наумовски.

Нешто подобро поминал Џељо Хоџиќ кој од Соросовите организации во 2014 добил 94,640 денари слично како и неговиот пријател Александар Гочев. 

За партискиот портпарол на СДСМ Петре Шилегов, не е проблем тоа што овие лица добивале пари од СОРОС за да протестираат затоа што за парите плаќале данок.

Шилегов додава дека требало да одговараат оние кои ги доставиле документите до Нетпрес, а не оние кои добиле пари за да протестираат.