Налог за апсење на сопственикот на ПАОК откако влета на терен на вчерашниот натпревар со АЕК
Налог за апсење, во рамките на 24 часовната постапка согласно грчките закони, е издаден, според грчките медиуми, за сопственикот на фудбалскиот клуб ПАОК од Солун.
Грчката полиција трага по Иван Савидис и четири лица од неговото обезбедување, откако вчера влетаа на терен за време на натпреварот ПАОК – АЕК, откако судијата поништи гол за домаќинот во 90та минута.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, дополнителни коментари во Грција, предизвикаа и фотографиите од моментот кога сопственикот на ПАОК влезе на теренот. На неговиот појас, јасно се гледа, според објавените фотографии, дека носи пиштол.
Синоќешниот фудбалски натпревар ПАОК- АЕК, течеше во најдобар ред се до 90та минута кога судијата поништи гол за домаќините поради офсајд. Тогаш, Савидис, влета насилно и бесно на терен, а заедно со него беше и неговото лично обезбедување. Се упати кон главниот судија на натпреварот, а од играчите побара да го напуштат теренот.
По инцидентот, натпреварот беше прекинат, следеа консултации на судиите, а 2 часа подоцна беше соопштено дека натпреварот нема да продолжи, но резултатот е 1-0 во корист на ПАОК, односно дека сепак, беше признат голот за кој првично судијата досуди офсајд.
За случајот, реагираше и надлежниот грчки министер за спорт, Јоргос Василиадис, кој преку писмена изјава вели дека „сликите со фудбалски фактори што вооружени влегуваат на терен, нѐ враќаат многу години назад“.
Рускиот бизнисмен со грчко потекло, Иван Савидис, е сопственикот на фудбалскиот клуб ПАОК од Солун, на солунскиот хотел „Македониа Палас“, има акции во солунското пристаниште, а присутен е и во медиумите. Во негова сопственост е телевизијата „Епсилон“, весникот „Етнос“, како и информативниот портал „Њуз247“.
Иван Савидис, во Грција важи за близок до владата на СИРИЗА, а во минатото преку интервју го има изразено ставот дека Грците треба да го задржат Ципрас за премиер, споредувајќи го со Путин.
Ново на Сител
-
Приведени крадци во Скопје, одземеното пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае
-
Лани над еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица
-
Денеска гласаат вкупно 505 изнемоштени и болни лица од Крива Паланка, Ранковце и Кратово
-
Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено
-
ЦУК: Два пожара на отворено, најавено минирање кај Бањица
-
Најмалку десет загинати во несреќа во Перу, автобус излетал од патот и се превртел