Фудбал
5. May 2024 - 10:16

Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси (36) имаше нов одличен натпревар во дресот на Интер Мајами во МЛС лигата.

Интер Мајами триумфираше со 6:2 против Њујорк Ред Бул, а Меси, освојувачот на „Златната топка“ за 2023 година, запиша два рекорди во натпреварувањето.

 

Прв по број на асистенции во еден натпревар, и втор по бројот на асистенции+голови од страна на еден играч. Треба да се напомене и дека Аргентинецот постигна еден гол против Њујорк Ред Бул.

Она што е навистина импресивно е што на полувремето беше 0:1 (единствениот гол за гостите го постигна Ванзеир), а потоа започна гол серијата на Интер Мајами.

Рохас погодува во 48 минута за 1:1, а само две минути подоцна Меси на асистенција на Суарез постигнува гол за 2:1. На 3:1 зголеми Рохас во 62 минута, а потоа на сцена стапи Луис Суарез кој запиша хет-трик со погодоци во 69, 75 и 81 минута од натпреварот.

Гостите постигнаа уште еден гол од пенал во седмата минута од судиското надополнување преку Форсберг. Заедно со Суарез, Меси сега е водечки стрелец во американска МЛС лига со 10 гола, а воедно има и најголем број асистенции (12).