Најсреќно семејство на светот: Го загубиле бебето во Ница, па го пронашле
Едно семејство успеа по пат на Фејсбук да го пронајде своето осуммесечно бебе кое се изгубило со количката кога во текот на минатата ноќ на популарното шеталиште во Ница настанала општа паника и хаос среде терористичкиот напад во кој напаѓач со камион ги газел луѓето и притоа пукал, јавуваат денеска француските медиуми.
Родителите бебето го пронашле откако го користеле хаштагот #PortesOuvertesNice (Отворена врата Ница), објавиле на социјалната мрежа порака: „Го изгубивме бебето старо 8 месеци“.
Пријатели од Ница, ако се ја видела, ако се биле таму и сте ја зеле, ве молам контактирајте не!, напишаа загрижените родители. Бебето го пронашле непознати лица кои, кога ја прочитале пораката стапиле во контакт со родителите.
Родителите потоа преку Фејсбук ја објавија и добрата вест дека бебето е пронајдено, благодарејќи на госпоѓа која го нашла бебето и им се јавила.
Напаѓачот минатата ноќ во Ница уби најмалку 84, а рани повеќе од 100 лица, меѓу кои има и многу деца, а нападот го изведе додека голем број луѓе го гледаа огнометот по повод националниот празник 14 јули, Денот на падот на Бастиља.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста