-->
-->
Најмалку 128 загинати и десетици повредени во Непал по земјотрес од 6,4 степени по Рихтер
-->
Најмалку 128 луѓе загинаа, а десетици се повредени по земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди западниот дел на Непал. Во земјотресот урнати се куќи во областа Јајаркот и бил почувствуван дури и во главниот град на Индија, Њу Делхи, оддалечен 600 км.
– Најмалку 20 лица се префрлени во болница со повреди, изјави официјален претставник на областа Џајаркот во Непал, Суреш Сунар.
Националниот сеизмолошки центар на Непал соопшти дека земјотресот бил регистриран во 23:47 часот по локално време во областа Јајаркот во провинцијата Карнали. Јајаркот се наоѓа на околу 500 километри западно од главниот град Катманду.
Потресот бил почувствуван во соседните области и во главниот град Катманду.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови