Бизнис
2. March 2017 - 20:02

Над 3 милиони евра за 60 проекти во програмата за рамномерен развој

Демир Хисар ќе добие нов зелен пазар, во Полошкиот регион ќе се инвестира во локални патишта, во Југозападниот во енергетска ефиканост. Продолжува проектот за рамномерен регионален развој. За годинава обезбедени се над 3 милиони евра,  за околу 60 проекти во палниските региони, селата и места со специфични развојни потреби.  Најмногу од средствата ќе добие  североисточниот регион, 340 илјади евра, а најмалку Скопскиот од 130 илјади евра.

Според надлежните средствата правилн се користат, а многу од проектите 90 отсто се завршени.

Од 2007 до сега со програмата за рамномерен регионален развој  подржани се  над 500 проекти во вкупна вреднст од 14 милиони евра.