-->
-->
На Стража забрана за сообраќај на тешки товарни возила
-->
На планинскиот премин Стража од 12:00 часот се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила. Од изутрината забрана за движење на тешки товарни возила има и на патниот правец Маврово - Дебар.
Снег врне на Попова Шапка и на планиските премини Маврово, Стража, Крушево, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.
На патниот правец село Шипковица-Попова Шапка поради појава на магла видливоста е намалена од 30 до 40 метри.
Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисурите и усеците можна е појава на поситни одрони.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Локални избори во Србија: СНС прогласи победа, опозицијата тврди – Ниш и Чачак се слободни градови
-
Нетанјаху може да издржи подолго на власт од Бајден
-
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди јапонскиот остров, на кој на Нова година загинаа 230 луѓе
-
Променливо облачно со сончеви периоди и со локална појава на пороен дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Манолева: Договорени се алтернативнин решенија за хируршките сали
-
ЦУК: Нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува околу Кавадарци, Неготинио и Демир Капија
-
Димитровска: По верификација на мандатот именуваните и избраните лица треба да се откажат од сите претходни функции