Македонија
3. јуни 2024 - 8:10

Состојба на патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Од минатиот петок (31 мај), во тек е времена измена на режимот на сообраќај на автопат А1, делница Петровец - Катланово, заради извршување градежни активности во врска со проектот на рехабилитација со проширување на наведената делница од автопатот.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 1 април, 2024 година е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.