Македонија
13. јуни 2023 - 8:29

МВР: Казнети над 150 возачи вчера во Скопје - најголемиот дел од нив возеле брзо

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (12.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 156 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.  
Изречени се 15 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), девет санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.