Македонија
2. May 2024 - 12:33

Почнуваат велигденските празнувања

Христијанските верници влегуваат во последните неколку дена од велигденскиот пост. Денеска е Велики четврток, денот кој почнува со боење на првото велигденско јајце.

Според хронологијата на Христовите настани забележани во Евангелието се знае дека на Велики Четврток, Господ Исус Христос на Тајната вечера ја востановил Светата тајна Причест, земајќи ги за основа лебот и црвеното вино, кои се претвораат во Христовото тело и крв.

Оваа света тајна е дадена за спасение на луѓето, а за основа ја има Христовата крв. Затоа црвената боја, симболизирајќи ја Христовата крв од светата причесна ги украсува и Велигденските јајца.