Бизнис
14. February 2016 - 16:30

Младите задоволни од понудените проекти

Младите задоволни од проектите кои ги промовира владејачката партија. Со нив значајно се подобрува и олеснува нивниот живот. Од Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ потенцираа дека еден од најважните проекти е оној со кој на студентите со висок просек ќе им се овозможи намалување на партиципацијата однсно студирање во државна квота. Реализицијата почнува од септември догодина.

Младите го потенцираа и значењето на проектот за саемите за иновации со кои ќе се поттикне креативноста и претприемничкиот дух кај средношколците и основците.  Надлежните во институциите кои  ќе ги реализираат, ги поздравија проектите за изградба на спортски капацитети.

Од УМС велат дека голем дел од проектите потекнуваат директно од младите. Нивните идеи се вметнати во програмата .Изминатите два месеци беа промовирани вкупно 27 проекти за младите во земјава.