Бизнис
13. јуни 2017 - 19:43

Младите имаат иновативни идеи, немаат пари за реализација

Младиот архитект Филип Недевски со својот тим успеал да развие софтверско решение со помош на кое  може да се продаваат недвижнини  и виртуелно да се уредуваат домови. Иновација која досега не била присутна на пазарот. Веќе подолго време го  пробиваaт бизнисот но, вели дека е задоволен од тоа што досега го постигнале. Според Недевски во земјава има многу млади како него кои имаат добри иновативни идеи но проблем да се развијат - се парите.

Поддршка за младите претприемачи во земјава нуди Сид хаб акцелераторот. Освен работен простор центарот им дава мала финансиска поддршка како и работа со ментори.

Таму денеска беа презентирани и социјално претпријатие кое произведува жива органска козметика како и стартап  кој се занимава со производство на здрава храна.  Сите претприемачи се надеваат дека ќе бидат добитници на парите кои ги нуди Фондот за иновации.

Оттаму потсетуваат дека кон крајот на месецов ќе се знаат претселектираните проекти. Најдобрите иноватори, односно 25 фирми кои ќе ги добијат парите ќе бидат објавени до крајот на јули.