Миноски: Буџетот е ликвиден, има пари за субвенции, се чека одлуката од Уставен суд
Пари во Буџетот за исплата на субвенциите има и доколку Уставниот суд ја прифати поднесената иницијатива за членот од Изборниот законик, нема да постојат пречки за исплата на земјоделските субвенции.
Ова го истакнува министерот за финансии Кирил Миноски во изјава за 24 Вести во која изразува надеж дека парите ќе се исплатат во законски предвидениот рок до 30 јуни.
- Доколку Уставниот суд го оспори членот од Изборниот законик нема да постојат пречки за исплата на субвенциите. Имаме соодветна ликвидност. Паричните средства за исплата на субвенциите не се проблем. Пари има да се исплатат доспеаните обврски по основ на субвенции. Трезорот благовремено врши исплата како на доспеаните обврските што ги имаат државните институции, се исплаќаат плати, пензии, се врши редовен поврат на ДДВ, изјави Миноски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден