Минхен со исполнет капацитет за прифат на бегалци
Минхен речиси целосно ги исцрпе своите капацитети за прифат на бегалците, кои масовно пристигнуваат во Германија, предупреди денеска локалната полиција, еден ден откако во овој град на југ од земјата пристигнаа дури 12.200 бегалци.
-Во саботата ни пристигнаа вкупно 12.200 бегалци, а и денеска ги очекуваме во голем број. Имајќи ги во предвид вчерашните бројки, многу е јасно дека сме дојдени до самите граници на нашите капацитети, изјави портпаролот на полицијата, Симон Хегенвалд, пренесе Танјуг.
Хегенвалд додаде дека на главната железничка станица во Минхен утринава веќе пристигнале повеќе од 700 лица, а полицијата засега не сака да изнесува проценки за тоа уште колку можат да пристигнат до крајот на денот.
Минхенските власти поставуваат шатори за сместување на бегалците, но предупредуваат дека нивните капацитети за прифат на луѓе кои, преку Австрија, пристигнуваат од Унгарија се речиси целосно исцрпени. Покрај тоа, властите на баварската престолнина ги повикаа другите делови од Германија да им помогнат и да примат повеќе бегалци.
-Планираме денеска да организираме три специјална железнички композиции со кои бегалците ќе бидат префрлени во другите германски градови, рече Хегенвалд.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата