Меркел: Бегалците ќе ја променат Германија, азилантите од Балканот ќе бидат вратени дома
Двата вчерашни пожари во центри за бегалци, од кои за едниот полицијата потврди дека е „политички мотивиран“ не ја менуваат општата слика за начинот на кој Германија се справува со луѓето кои што бегаат од војните и хаосот на Блискиот Исток и Африка. Германија ќе ги забрза процедурите за азил и ќе изгради нови сместувачки капацитети, за кои ќе потроши околу шест милијарди евра на федерално и локално ниво, најави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.
- Огромниот наплив на мигранти во Германија ќе ја „(пре)окупира и промени Германија во наредните години, смета канцеларката, која што вели дека нејзината земја не може сама да се справи со кризата и апелира другите членки на ЕУ да примат повеќе бегалци.
Само за време на викендот и денеска преку легални канали регистрирани се над 30 илјади бегалци, кои што пристигнале во Германија.
До крајот на годината се очекува нивниот број да дојде до речиси еден милион луѓе што претставува 0,8 проценти од целото население. За нив Германија само во текот на 2015 година се очекува да потроши околу 10 милијарди евра.
Меркел во денешната изјава ги охрабри вистинските бегалци но во исто време упати порака и до економските мигранти од земјите каде што нема конфликти.
Меѓу нив се и барателите на азил од Македонија и другите земји од Балканот, кои што се сметаат за „безбедни држави“ од страна на германските власти.
Според Меркел тие што не ги исполнуваат критериумите за азил ќе бидат веднаш вратени дома.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден