Меѓународна научна конференција за дислокации и културни конфликти
Четврта годишна меѓународна научна конференција „Дислокации и културни конфликти: миграции, дијаспора, тероризам, граници (МДТГ)“ ќе се одржи од 1 до 3 септември во Скопје во организација на Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС).
На отворањето на конференцијата како воведен предавач, како што е најавено, ќе настапи Џовани Ерколани, професор на Универзитетот Мурсиа во Шпанија (University of Murcia).
На конференцијата годинава учество ќе земат околу 90 научници од 70 земји од светот меѓу кои Русија, САД, Јапонија, Нов Зеланд, Обединети Арапски Емирати, Западна и Источна Европа, Балканот, и од нашата земја.
Конференцијата се стреми да ги обедини истражувачите од економските, правните, политичките науки, историчарите, антрополозите, социолозите и социјалните психолози, истражувачите кои се занимаваат со културолошките студии, науката за литературата, уметноста и медиумите, како и практичари од други дисциплини, со цел да истражи како миграциите влијаат на верувањата, обичаите, секојдневните практики, институциите, политиките и законите и обратно, и како сите овие фактори каузално влијаат врз искуството и однесувањето на имигрантите и граѓаните на земјата-домаќин, на етничките малцинства и на мнозинствата.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата