Македонски телеком: Мобилните линии се во функција во поплавените региони
Мобилните линии од „Македонски телеком“ се во функција во регионите погодени од невремето.
Како што соопштија од компанијата, екипите се постојано на терен и сеуште се работи на фиксните сервиси во Стајковци, заради недостапноста на теренот. Овие сервиси за дел од корисниците во Црешово се веќе функционални.
- Македонски Телеком постави мобилни агрегати во Стајковци, за жителите да можат да ги полнат мобилните телефони при недостиг на електрична енергија. Во моментов, низ цела Македонија има голем број на отворени пречки поради кои афектираните корисници не се во можност да ги добијат нашите услуги. Иако нашите екипи се постојано на терен станува збор за вонредна ситуација и потребно е подолго време. Корисниците кои имаат оштетена опрема можат сами да ја сменат во најблискиот Телеком Центар, се истакнува во соопштението.
Од компанијата апелираат до граѓаните при појава на нови временски непогоди, односно во услови на големи електрични празнења и грмотевици, да ја исклучуваат опремата од струја, за да се спречат евентуални оштетувања.
Ново на Сител
-
Скопјанец го нападнал градоначалникот на општина Шуто Оризари, полицијата извршила службен разговор со него
-
Сиљановска Давкова: Ќе го почитувам Преспанскиот договор, но го задржувам правото на слобода на изразување
-
Кацарска ќе даде осврт за претседателскиот мандат во Уставен, до крајот на месецов ќе се знае нејзиниот наследник
-
Африм Гаши избран за претседател на Собранието
-
Терзиќ: Во еден натпревар можеме да го победиме Реал
-
Собранието ги верификува мандатите на 118 пратеници
-
Автомобил удрил во велосипедист во Скопје и избегал од местото на несреќата
-
Намален бројот на дипломирани студенти минатата година во однос на 2022 година