-->
-->
Луческу од Шахтјор во Зенит
-->
Легендарниот романски тренер Мирчеа Луческу од наредната сезона ќе го предводи Зенит од Санкт Петербург. Луческу изминатите 12 години беше тренер на Шахтјор од Донецк со кого освои 22 трофеи, меѓу кои и Купот на УЕФА.
Мирчеа Луческу, како што соопшти неговиот менаџер, имал девет понуди од сите делови на Европа, но на крајот решил да ја прифати понудата на Зенит, чија клупа ја напушти Португалецот Андре Вилас-Боаш.
Искусниот романски тренер во Зенит ќе заработува пет милиони евра годишно.
Зенит новиот тренер ќе го претстави на 3. јуни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!