Бизнис
26. October 2016 - 19:35

Лоунли Планет: Охрид меѓу 10 градови кои треба да се посетат во 2017

Охрид се најде меѓу 10 те најдобри градови кои треба да се посетат во 2017. Ова го објави најголемиот светски туристички портал и издавач Лонли Планет. Духовниот центар на Македонија е петти на листата, објавена во публикацијата  кое еднаш годишно се издава.

Се најде пред Москва и Сеул, а зад себе ги остави и италијанскиот град Пистоиа како и Лисабон и Портланд.

Пред него се Бордо од Франција, Кејптаун во Јужна Африка, Лос Анџелес, и Мерида во Мексико.

- Охрид се трансформираше од македонски религиозен центар во најпосетената туристичката дестинација на земјата. Најдобрата глетка на Охрид е од чамец во неверојатно сините води на езерото, стои во публикацијата.

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот велат дека ова е одлична можност градот да се промовира со помош на престижната куќа, која има по неколку милиони претплатници ширум светот.

Крстевска посочи дека ваквиот маркетинг не може да се излобира. Изборот го прават независни експерти кои времено престојуваат во градовите.

Публикацијата излегува непосредно пред саемот Светска берза на туризам во Лондон и претставува одлична препорака за тоа каде најмногу ќе се патува следната година.