Македонија
28. August 2016 - 16:56

Лихнидос бил урбанизиран и економски развиен уште во 2 век пред нашата ера

Лихнидос бил урбанизиран и економски развиен  уште во 2 век пред нашата ера.

Тој бил монетарен центар каде се ковале монети за моќни кралеви и цареви во различни временски периоди.

За време на македонските владетели Филип5 и Персеј ковницата започнала да работи најнапред со бронзени монети со претстава.

Вредните пронајдени монети во ископувањето на Плаошник се сместени во охридскиот музеј.

Некои од откриените монети им припаѓаат на Десаретите така што понатамошните археолошки истражувања ќе ја потврдат нивната историја како дел од македонската цивилизација.

Во книгата под наслов Монетоковањето во Охрид од вториот век пред нашата ера и меѓу 13 и 17 век на Даница Размовска Бачевска стои и тоа дека биле ковани монети од Цар Душан, Волкашин и неговата фамилија од кралицата Јелена и Евросима, од Крали Марко и многу други а во времето на отоманската империја се ковале сребрени монети познати како  акчи.