-->
-->
Кумановец тешко повреден, со возило удри во канделабра кај Романовце
-->
Вчера во 12.30 часот на автопат Скопје-Куманово, помеѓу наплатен пункт на Јавно претпријатие за Државни патишта кај с. Романовце и наплатен пункт кој е во изградба, се случила сообраќајна незгода во која М.М. (39) од Куманово, управувајќи патничко возило „Пежо 207“ со бугарски регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал надвор од коловоз и удрил во метален столб за осветлување.
По незгодата, М.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Терзеа“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови