-->
-->
Конститутивната седница на косовскиот Парламент ќе се одржи на трети август
-->
Претседателот на Косово, Хашим Тачи првата конститутивната седница на Парламентот ја закажа на трети август.
Денешните консултации кај претседателот беа бојкотирани од поголемиот број партии освен од така наречената „воена коалиција“ составена од Демократската партија, Алијанса за иднината на Косово и Иницијатива за Косово.
Но, и покрај бојкотот, Тачи конститутивната седница ја закажа на трети август.
Коалицијата на Демократската партија, Алијанса за иднината на Косово и Иницијатива за Косово на изборите на 11 јуни освои 39 мандати, Движењето Самоопределување - 32, коалицијата на Демократскиот сојуз на Косово и Алијанса за ново Косово - 29 пратеници. Другите 20 места во Парламентот се за етничките малцинства.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден