Македонија
19. February 2017 - 9:42

Концерт на виолистката Софија Златанова во Бостон

Во „Хјустон хол“ во Бостон, САД, вечер солистички концерт на виола ќе одржи Софија Златанова, стипендист на магистерски студии за виола, во класата на Лила Браун, на Boston Conservatory at Berklee, кој е меѓу најпрестижните универзитети за музика во Америка. 

Покрај дела од странски композитори, Златанова ќе ја изведе и македонската музичка тема „Со маки сум се родил”, како и композиција за виола од Бахар Ројаи од Беркли, со мотив и елементи од фолклорната композиција „Јовано, Јованке”. 

- Ме радува фактот што американски композитори се одушевини и инспирирани од нашата музика и култура и што добивам шанса да ја афирмирам нашата музика и земја Република Македонија, истакнува Златанова.