Карамбол на скопските улици: Шест лица повредени во сообраќајки
Шест лица се полесно повредени во четири од вкупно девет сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет е причинета материјална штета.
Во текот на вчерашниот ден полицијата презела казнени мерки поради прекршоци кај двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол и кои се исклучени од сообраќај, тројца возачи кои поминале на црвено светло на семафор, како и 15 возачи кои возеле без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 59 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 78 возила.
Во рамки на сообраќајно-воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во ООУ и ПОУ „Кузман Јосифовски Питу“ кои се наоѓаат на подрачјето на општина Кисела Вода.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници